Европската комисија денес го прифати новиот, деветнаесетти пакет санкции насочени кон Русија, потврди главната гласноговорничка на ЕК, Паула Пињо, на денешниот редовен брифинг за медиумите.
Пињо истакна дека повеќе информации за пакетот санкции ќе бидат објавени од страна на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во соопштение кое ќе биде објавено во текот на попладнето.
Според претходните најави, мерките во рамките на деветнаесеттиот пакет санкции кон Русија, како одговор на руската инвазија на Украина, ќе бидат фокусирани на трговијата со криптовалути, банките и енергетскиот сектор.
“Можеме да потврдиме дека Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија”, изјави Пињо.