ЕУ одлучи целосно да ги укине економските санкции против Сирија, изјави министерката за надворешни работи на ЕУ Каја Калас.
Денеска решивме да ги укинеме економските санкции против Сирија“, напиша таа на социјалната мрежа Х.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за неговата намера да ги укине санкциите против Сирија.
Набргу потоа, американското Министерство за финансии објави дека се подготвува за ублажување на санкциите.