Во пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија се одржува уникатниот културен настан „Етно панаѓур“. Настанот е во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година, а холот на пионерскиот дом е трансформиран во автентичен изложбен салон, каде што посетителите можат да уживаат во богатата поставка, но и да си купат рачно изработени грнчарски садови, украсни предмети и други уникатни творби од глина, создадени од вештите раце на вајарите керамичари Гордана Николовска Петрова, Славица Бошковска и Менче Костадинова.
Покрај тоа, посетителите можат да ги набљудуваат техниките на обликување глина и да дознаат повеќе за процесот на изработка на грнчарските производи и алатките што се користат во овој занает.