Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника меѓу туристите, кои бегаа за да си го спасат животот.
Италијанските медиуми објавија дека се издига чадот неколку километри во височина.
– Во текот на последните неколку часа, активноста забележана во претходниот извештај, објавен во 4:14 часот изутрина, продолжи со експлозии со зголемен интензитет, кои сега се многу силни и речиси континуирани – објави вчера италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.
Според податоците од веб-страницата Волкано дискавери. ком, била забележана сеизмичка активност во форма на вулкански потреси пред ерупцијата. Потресите почнале околу 22:00 часот во неделата, а врвот го достигнале околу 1:00 часот по полноќ. Епицентарот бил на висина од околу 2,8 километри под кратерот.