Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, постапувајќи по случајот со видео снимката објавена на социјалните мрежи во која е инволвиран д-р Игор Кузмановски, упатува јавна морална осуда за настанот.
Д-р Кузмановски и понатаму останува без активна лиценца за вршење докторска дејност. Доставеното барање за повторно стекнување со лиценца ќе биде дополнително разгледано, велат од Лекарската комора.
Оваа се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ја нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат, се вели во соопштението на Лекарската комора.
Комората нагласува дека д-р Кузмановски, како и секој лекар, треба да биде свесен за својата улога и значење во заедницата.