За ова може да се зборува и да се пишуваат мемоари, но никогаш нема ништо да се реши како што треба. Парите си го прават своето, естрадната мафија е секогаш над пејачите, па на кој како ќе му се „посреќи“. Неодамнешната свежа случка со Здравко Чолиќ, кој поради својот брат мораше да ги враќа старите лихварски долгови, ја отвори Пандорината кутија. Преплетена е мрежата која, за жал, функционира со години наназад. Се поставува логичното прашање колку се пејачите безбедни, заштитени или се препуштени самите на себе? И тоа не само во Србија, туку и во речиси сите останати поранешни југословенски републики. Српскиот „Курир“ објавува дека зад бомбашкиот напад врз куќата на Здравко стои и еден од озлогласените менаџери. Бомбата беше само сериозно предупредување да не се влегува во расправии со естрадната мафија, вели добро информираниот извор.Но, не е во прашање само Чолиќ. Има и многу други пејачи. Секси пејачката Маја Беровиќ соработувала со менаџер од Босна, кој по прекинувањето на нивниот бизнис, прво фрлил бомба во дворот на нејзината куќа. Маја, и по тоа, не се согласила со заканите, па како “одговор“ добила пукање во комбето со кое патувале нејзините музичари. За среќа, никој не бил убиен. Соговорникот за „Курир“ вели дека ништо подобро не поминала ни една од најпопуларните пејачки од Словенија, Сенидах (Хајдарпашиќ), а која наскоро ќе има концерт во Скопје: – На еден од настапите во Австрија, ја симнале Сенидах од сцената и потоа фрлиле солзавец во преполна дискотека каде што пеела. Сенидах сега има засилено обезбедување. Разбирливо, исплашена е од настанот со Чолиќ.

Низ естрадните кругови отворено се зборува и за случките врзани за пејачот Дарко Лазиќ. Тој постојано имал проблеми со мафијата, со наркоманите, поврзано со многу пари. Тие долго време му ја контролирале кариерата. Минатата година бил киднапиран и вознемируван додека настапувал на приватна забава во Виена. Само затоа што не го „пријавил“ настапот кај криминалните менаџери, на кои им должел огромна сума пари. Пејачите, всушност, предоцна сфаќаат со каков валкан бизнис се фатиле, па постојано мора многу повеќе да одвојуваат од својата заработка за „љубов“ на естрадната мафија.  (Д. М.) Фото:архива

 

 

ИЗДВОЕНИ