Есенва почнуваат градежните работи за првиот дел од проектот „Градски воз“

Македонски железници – Инфраструктура, по изработката на физибилити студијата, подготвува документација за тендерот што најавува дека ќе биде објавен наскоро. -Врз основа на податоците дадени во физибилити студијата се подготвува тендерска документација и наскоро ќе биде објавен тендер за реконструкција на првиот дел од проектот „Градски воз“ - изјави директорот на МЖ – Инфраструктура, Синиша Ивановски. Тој вели дека во овој момент не може да се каже за исплатливоста на градскиот воз, затоа што треба да се земат предвид не само трошоците за одржување на пругата што е во домен на МЖ - Инфраструктура, туку дека тоа ќе зависи и од бројот на возови и патници, за што е надлежен МЖ - Транспорт. Градежните работи што ќе се одвиваат оваа година се финансираат од буџетот на Владата преку Министерството за транспорт

36

Оваа есен ќе започнат градежните работи за првиот дел од проектот за воведување „Градски воз“ во Скопје, за кој Македонски железници – Инфраструктура по изработката на физибилити студијата подготвува документација за тендерот што најавува дека ќе биде објавен наскоро.

Првата линија од Зелениково, преку Драчево, Аеродром и Кисела Вода, па сè до Железничката станица – Скопје, се очекува да биде во функција до крајот на годинава.

Реализацијата на проектот „Градски воз“ ќе се одвива во три дела. Градежните работи на првиот дел од проектот ќе започнат наесен оваа година. Долж трасите ќе бидат изградени нови стојалишта, со цел граѓаните да имаат подобар пристап до превозот со воз, којшто ќе им го олесни движењето од нивното населено место до Скопје. Врз основа на податоците дадени во физибилити студијата се подготвува тендерска документација и наскоро ќе биде објавен тендер за реконструкција на првиот дел од проектот Градски воз – изјави директорот на МЖ – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Градежните работи што ќе се одвиваат оваа година се финансираат од буџетот на Владата преку Министерството за транспорт.

Ивановски вели дека во овој момент не може да се каже за исплатливоста на градскиот воз, затоа што треба да се земат предвид не само трошоците за одржување на пругата што е во домен на МЖ – Инфраструктура, туку дека тоа ќе зависи и од бројот на возови и патници, за што е надлежен МЖ – Транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, претходно објави дека се работи за голема инвестиција од вкупно педесетина милиони евра за трите градски линии.

-За да се реализира целиот прстен како што е замислен, со три полукруга, потребни се околу педесет милиони евра. Дел од тие средства се обезбедени во буџетот за оваа година и ЈП „Железници – Инфраструктура“ наскоро, за еден месец, ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата што ќе се користи. Тоа ќе биде линијата од Зелениково, преку населбата Драчево, границата е поставена кон населбите Аеродром и Кисела Вода и завршува на Новата железничка станица. Очекуваме до крајот на годинава да биде готова, имаме многу брза агенда и првата делница Зелениково – Драчево – Аеродром – Кисела Вода – Железничка Скопје да ја имаме пред Нова година. Паралелно, ќе ги работиме и другите два прстена – рече Николоски.

ИЗДВОЕНИ