Есента ќе ја покаже силата! Подгответе си џемпери, првиот снег може да пристигне веќе во октомври

122

Уште два дена ни остануваат да уживаме во убавото стабилно, сончево и топло време преку ден. Сепак од утре (среда 24 септември) во попладневните и во вечерните часови од запад полека облачноста ќе се зголемува што ќе биде најава за поголема промена на времето која ни следува од четврток (25 септември) попладне и ноќта кон петок (26 септември).

И во Скопје овие два дена ќе имаме се уште стабилно, претежно сончево и топло време со постепено зголемување на облачноста од утре (среда 24 септември) во попладневните  и во вечерните часови.

Од 26 септември па во деновите потоа ни следува голема временска промена, односно, зголемување на облачноста и намалување на воздушниот притисок. Во ваква ситуација ќе имаме значително почести и пообилни врнежи од дожд, значително ладно време поради продор на значително поладен воздух од север, а самиот крај на овој месец како и во почетокот на октомври можна е и појава на првите врнежи од снег на планините за оваа сезона, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ откри какви температури го очекуваат регионот во октомври и остатокот од есента, како и првото заладување што ќе дојде во наредните денови.

„Септември е во тек со летни температури, или доцно лето. Со следното заладување, ќе влеземе во вистинска есен. Температурата ќе почне да опаѓа за 3 до 4 степени од среда. Овој југоисточен ветер исто така ќе ослабне во среда. Најстудените денови ќе бидат од петок до понеделник“, објасни Тодоровиќ во емисијата „Пулс Србија“.

„Од петок, сабота, заврши, почнуваме со јакни и џемпери. Ќе влеземе во октомври со просечни температури за тој период од годината“, рече Тодоровиќ.

Тодровиќ, исто така, потсети на просечните датуми на првите снежни врнежи, а претходно спомена дека октомври, заедно со февруари и септември, е месецот со најмалку врнежи.

„23 ноември е просечниот датум кога ќе се појави првиот снег, со веројатност од 50 проценти, така што може да се смета дека тогаш ќе има, но не можам да гарантирам. Во планинските подрачја, снегот може да се појави уште кон крајот на октомври“, заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ