Есенски деликатеси кои ќе ви помогнат да ослабнете: Седумдневна диета со тиква и костени веднаш ќе ви даде резултат

46
Foto: Pexels

Есента е најтешкото време за слабеење бидејќи повеќето луѓе се препуштаат на сезонските деликатеси и не се грижат за калориите. Сепак, пазарите се богати со разни видови храна кои, ако се комбинираат правилно, можат да имаат позитивен ефект врз вашата тежина.

Изберете го вистинското овошје и вклучете го во вашето дневно мени, и ослабете дури три килограми за седум дена.

ПРВ ДЕН
Појадок: парче пченкарен леб, 50 г сирење со ниска масленост, свежи пиперки
Ужина: круша
Ручек: чинија супа од тиква, две парчиња тост
Ужина: јаболко
Вечера: 150 г печено пилешко, 200 г варена брокула и карфиол

ВТОР ДЕН
Појадок: три тости, намаз од сирење, две варени јајца, домат
Ужина: 30 г ореви
Ручек: 250 г шпагети со печен модар патлиџан и свежи домати
Ужина: 150 г грозје
Вечера: две варени, чаша млеко

ТРЕТ ДЕН
Појадок: 40 г мусли, чаша јогурт, банана
Ужина: калинка
Ручек: 250 г печени буковки, 150 г пире од компири, мала чинија салата од зелка
Ужина: неколку печени костени
Вечера: чинија чорба од зелка, парче леб со семки

ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок: сендвич со интегрален леб, две лажички млечен намаз, три парчиња шунка од мисирка, свежа пиперка
Ужина: 150 г овошен јогурт
Ручек: две плескавици од кељ, праз и соја, 150 г интегрален ориз со грашок
Ужина: јаболко
Вечера: 250 г печена пастрмка, 100 г салата од компири

ПЕТТИ ДЕН
Појадок: 100 г пита од урда, чаша јогурт
Ужина: 30 г ореви
Ручек: сендвич со интегрален леб и 80 г туна
Ужина: јаболко
Вечера: омлет со пиперки – две јајца, пиперки, парче интегрален леб со семки

ШЕСТИ ДЕН
Појадок: парче интегрален леб со семки, лажичка маргарин, лажичка мармалад, чаша природен сок од овошје
Ужина: круша
Ручек: 100 г пржено телешко месо, салата од наут и сусам
Ужина: два портокала
Вечера: 200 г печени печурки, тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати, 100 г сирење со ниска масленост, парче интегрален леб

СЕДМИ ДЕН
Појадок: парче интегрален леб, лажичка намаз по ваш избор, чаша цеден сок
Ужина: 150 г грозје
Ручек: чинија пилешка супа со тестенини, 150 г пилешки гради, 100 г варени компири, 200 г варен кељ
Ужина: јаболко
Вечера: 80 г урда, 30 г павлака, парче интегрален леб

ИЗДВОЕНИ