И годинава ќе има есенски базар на улицата „Благој Ѓорев“, кај влезот на гимназијата, како дел од фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“.
Од Општина Велес информираат дека на тезгите ќе бидат изложени уникатните ракотворби на вредните ракотворци. Од 10 до 12 октомври, посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да купат од рачните изработки.
В недела, 12 октомври, со почеток во 11:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да ја посетат изложбата на историски автомобили – олдтајмери, кои, во организација на Здружението „Кинг оф стритс“, ќе бидат поставени на потегот од кружниот тек Авона до „Бос“.
Исто така, в недела, 12 октомври, во организација на „Велес бајкинг“ ќе се одржи дванаесеттата рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тур 2025“, која ќе започне во 10:00 часот, од винарницата „Шато Сопот – Македонија“.