Есенска регрутација во Русија: Путин потпиша повик во воена служба за 261.000 граѓани

21
EPA/RUSSIAN PRESIDENTIAL

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација за воена служба што ќе трае од јануари до 31 декември 2026 година, со што се предвидува да бидат вклучени 261.000 руски граѓани, објавија руските медиуми.

Указот е објавен на официјалната веб-страница за правни информации и се однесува на руски граѓани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва на армијата.

Врз основа на истиот указ, војниците и помладите офицери чија воена служба е истечена ќе бидат отпуштени од армијата. Руската влада добила упатства за спроведување на мерките поврзани со регрутацијата.

ИЗДВОЕНИ