Есенска дератизација во Гази Баба

15

На  територијата  на општина Гази Баба почна спроведувањето целосна дератизација, со цел превенција кај населението од заразни болести.

Ќе бидат опфатени над 4.000 шахти на територијата на цела општина, а особено околу објектите на сите градинки и основни училишта.

-Активностите ги спроведува сертифицирана компанија, со цел да се овозможат подобри санитарни услови за децата и воспитно образовниот кадар во секој објект – информираат од Општина Гази Баба .

Оттаму додаваат дека преку дератизацијата, која како што велат е релевантен процес ќе се спречи да се зголеми појавата на глодари, во и околу сите објекти и институции на територијата на општината.

-Ние како општина сме во постојана комуникација и координација со нашите служби и во согласност со програмата која ја имаме за заштита и спасување за 2025 година ќе придонесеме за подобри санитарни услови на целата наша територија – нагласуваат од локалната самоуправа.

Акцијата ќе се одвива во следниве неколку недели.

 

ИЗДВОЕНИ