Есенска акција за зазеленување

45

Во тек е акција за есенско зазеленување во Карпош, која е во организација на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при локалната самоуправа.

Во рамките на екоакцијата, набавени се 160 високостеблести автохтони и алохтони дрвја од типот горски јавор, црвен јавор, ликвидамбар, црвена слива, албиција и јасен, кои ќе бидат насадени на територијата на Општината и на тој начин ќе се изврши ревегетација на парковите, односно старите и исушени дрвја ќе се заменат со нови. За оваа намена, од општинскиот буџет се издвоени 700.000 денари.

Имено, Општината одвои средства од 1.200.000 денари и за набавка на повеќе видови нискоџбунести и нискостеблести растенија, кои ќе бидат за обновување на зелената површина на дел од локациите во Карпош каде што локалната самоуправа веќе има поставено системи за наводнување.

Хортикултурно ќе се уредат и жардиниерите во Порта Влае, како и на многу други локации во Карпош, затоа што тоа е еден од главните фактори за здрава и чиста животна средина.

 

ИЗДВОЕНИ