Вулканот Килауер на Хаваите повторно еруптираше во петокот, исфрлајќи спектакуларни лакови лава високи и до 30 метри над кратерот. Ова е веќе 31-први пат еден од најактивнтие вулкани на светот да ја покаже својата сила од декември минатата година, пишува НПР.
Северниот отвор на кратерот почна без престан да прска лава во утрнските часови, а неколку часа подоцна растопената карпа почна да се прелева. Попладнето слдеа импресивни фонтани од лава. За среќа, ерупцијата е ограничена само на врховниот кратер па нема опасност за населените места.
River of gold 🤩#Kilauea #Hawaii pic.twitter.com/wsHlocPWWD
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 23, 2025
Научниците не можат со сигурност да предвидат како ќе заврши моменталната ерупција. Сличен образец на повторувачки ерупции е забележан и порано, на пример во 1959 година, 1969 година и во текот на ерупцијата која започна во 1983 година и траеше со децении.
Вулканот е сместен на највисокиот остров на хавајскиот архипелаг, 32 километри од најголемиот грам Хонолулу.
Ерупцијата значитело го зголеми бројот на посетители во националниот парк во кој се наоѓа вулканот. Портпаролката на паркот Џесика Феракан ги советува сите што сакаат да ја видат лавата да ги следат известувањата на Американскиот геолошки завод, бидејќи епизодите на еруптирање можат да бидат краткотрајни.
Таа ги предупреди сите посетители да се придржуваат до означените патеки поради нестабилните рабови на карпите и скриените пукнатни во тлото. Исто така, вулканскиот гас, стаклото и пепелта можат да бидат опасни, вели таа.