Ергин Атаман сè повеќе „војува“ со навивачите на Панатинаикос, а тоа е секогаш јасен знак дека нешто не е во ред. Видовме дека беше нервозен по поразот од Баерн (85:78), а ништо не се промени ниту по убедливата победа над Басконија (93:74) кога повторно „одржа збор“ на прес-конференцијата.
- Немам никаква посебна порака. Навивачите на Панатинаикос – тие се вистинските навивачи – тие се оние што го поддржуваат тимот, се обрати Атаман директно до оние што неодамна беа незадоволни од игрите: „Тие се сеќаваат на времето пред да дојдам во овој клуб и секогаш нè поддржуваат затоа што разбираат дека успехот или неуспехот се оценува на крајот од сезоната – или ќе постигнете некои цели или ќе доживеете неуспех“.
Инаку, Панатинаикос беше без Нан, Рокгавопулос и Митоглу на овој натпревар, а Атаман го пофали Костас Слукас за неговиот карактер, додека пред неколку дена по поразот од ПАОК ги критикуваше играчите.
- Одигравме одлично во првото полувреме, но во второто полувреме имавме проблеми поради фаулите од Осман и Холмс, имаше проблеми со Грант. Некои играчи беа непродуктивни и ни ја уништија целата концепција. Водевме цел натпревар и речиси загубивме, рече Атаман, кој моментално не е во конфликт со никого.











