Селекторот на турската кошаркарска репрезентација и тренер на грчки Панатинаикос, Ергин Атаман, тврди дека Алперен Шенгун е најдобриот додавач во НБА-лигата, подобар и од трикратниот МВП, Србинот Никола Јокиќ.

Сепак, статистиката говори нешто сосем друго, а тоа е дека Србинот има просек од 11 асистенции по натпревар, додека Турчинот има 7,1 од почетокот на сезоната, но тоа не е одлучувачко за Атаман.

Шенгун ја предводеше Турција до финалето на Европското првенство, но наградата за МВП му припадна на Денис Шрудер.

  • Шенгун е многу добар во нападот во „лоу пост“, според мене, тој е најдобриот центар во светот кога станува збор за додавања. Тој е дури и подобар од Јокиќ, истакна Атаман во емисијата „Евроинсајдерс“.

Тој верува дека неговата улога е клучна за да стане еден од најдобрите играчи во светот.

  • Тој е, пред сè, одлична личност, која има голема страст за кошарката. Беше на Ол-стар натпреварот минатата година. Но, не дојде во репрезентацијата со менталитетот „Јас сум НБА-играч“. Се однесуваше како и секој друг кошаркар, како сите ние. Покажуваше голема енергија и трпение на тренинзите. Секогаш имаше позитивен став, без разлика дали бевме во хотел или на пат. Таквиот став е клучен, зашто ако се однесуваш како ѕвезда, остатокот од тимот нема да го прифати тоа добро. Тогаш работите стануваат потешки. Но, ако ѕвездата е еден од најпријателските луѓе во соблекувалната, тогаш тоа е клучна работа, заклучи Ергин Атаман.

Оваа изјава на Атаман го собра гневот кај Србите, кои особено му замеруваат на Турчинот поради статистичките показатели кои даваат една сосема поинаква слика.

Јокиќ оваа сезона има просек од 29,2 поени, 12,3 скока и 11 асистенции по натпревар, додека Шенгун има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции по натпревар, што покажува дека Атаман ја запоставил статистиката.

 

 

ИЗДВОЕНИ