петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Ердоган понуди Анкара да биде посредник меѓу Техеран и Вашингтон

Ердоган понуди Анкара да биде посредник меѓу Техеран и Вашингтон

12
Фото: EPA/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му понудил на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да биде „посредник“ меѓу Техеран и Вашингтон, објави денес Анкара.

Ердоган во телефонски разговор нагласи дека Турција е подготвена да игра улога на посредник меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), „со цел да се намалат тензиите и да се решат проблемите“, објави турското претседателство.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Истанбул во петок наутро за да се сретне со својот турски колега Хакан Фидан, во обид да избегне напад на САД врз соседен Иран што би го дестабилизирал регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „се надева дека нема да мора да го нападне Иран“.

ИЗДВОЕНИ