Ердоган ја изненади италијанската премиерка: Мелони, мора да престанеш да пушиш!/ВИДЕО

979
screenshot X

Мировниот самит во египетското одморалиште Шарм ел Шеик собра бројни светски лидери, а еден состанок особено привлече медиумско внимание.

За време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ рече дека ќе ја принуди да се откаже од пушењето.

„Морам да те натерам да се откажеш од пушењето“, и рече Ердоган на италијанската премиерка.

„Знам“, одговори Мелони.

Ердоган е познат како силен противник на пушењето цигари.

Во 2016 година, по повод Денот на непушењето, турскиот претседател организираше прием во Претседателската палата за повеќе од 250 граѓани од различни делови на земјата кои се откажале од пушењето.

ИЗДВОЕНИ