Ердоган: Идеолошки, Нетанјаху е како роднина на Хитлер

9

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди израелскиот премиер за нападот врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар минатата недела, велејќи дека „идеолошки, Нетанјаху е како роднина на Хитлер“.

Тој изрази надеж дека „фронтот на човештвото ќе добие поширока поддршка“ за Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во разговор со новинарите по враќањето од вонредниот арапско-исламски самит во Катар, Ердоган вети дека повторно ќе го покрене прашањето за палестинската државност на Генералното собрание на ОН, каде што на 22 септември треба да започне „недела на високи функционери“.

Израел преку ноќ започна долгоочекувана копнена офанзива во густо населените улици на градот Газа, а официјален претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ) рече дека војниците ја започнале она што тој го нарече „главна фаза“ од офанзивата.

Исто така денес, Комисијата за истрага на Обединетите нации објави дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа.

И да сакаат, Палестинците не можат да побегнат од Газа

ИЗДВОЕНИ