Ердоган го претстави „Челичната купола“, првиот домашно произведен систем за воздушна одбрана во Турција

75

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник го претстави првиот домашно произведен систем за воздушна одбрана познат како „Челична купола“, кој беше испорачан на турската војска, нарекувајќи го „пресвртница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“, објави „Танјуг“.

„Денес, ја снабдуваме нашата војска со системот „Челичен купола“, кој се состои од 47 возила во вредност од 460 милиони долари, што ќе изгради доверба меѓу сојузниците и ќе всади страв кај противниците“, рече Ердоган на церемонија во објектот на одбранбениот гигант Аселсан во Анкара, објави „Дејли Сабах“.

Ердоган ја опиша „Челичната купола“, најавена во август минатата година, како „систем од системи“, кој интегрира локално развиени ракетни батерии, радари, електрооптички сензори, комуникациски модули и командни и контролни центри.

Испораката вклучува системи за воздушна одбрана „Хисар О 100“ и „Сипер“, радарски системи „Алп 300-Г“ и „100-Г“, системи за електронско војување „Пуху“ и „Редет“ и возила за воздушна одбрана со краток дострел „Коркут“.

„Челичната купола“ е круна на долгогодишни инвестиции што ѝ помогнаа на Турција да се трансформира од земја која е во голема мера зависна од странска опрема во земја каде што домашните системи ги задоволуваат речиси сите потреби на нејзината одбранбена индустрија.

ИЗДВОЕНИ