Ердоган го предупреди Трамп дека Венецуела не смее да потоне во хаос по апсењето на Мадуро

209
epa12493389 Turkish President Recep Tayyip Erdogan looks on during a joint press conference with German Chancellor Friedrich Merz (not pictured) at the Presidential Palace in Ankara, Turkey, 30 October 2025. EPA/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, близок сојузник на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, денес го предупреди својот американски колега Доналд Трамп дека Венецуела не смее да потоне во хаос.

„Секое кршење на суверенитетот на народот и меѓународното право ќе доведе до сериозни компликации во рамките на меѓународниот поредок, а не до владеењето на правото“, му рече Ердоган на својот американски колега за време на телефонски разговор.

Како што објавија светските медиуми, Ердоган рече дека „Венецуела не смее да потоне во хаос или нестабилност“, пренесе „Бета“.

„Турција не сака хаос, конфузија или тензии во својот регион или на друго место. Затоа, потребно е да се зачува меѓународниот систем базиран на правила“, нагласи Ердоган пред новинарите по состанокот на кабинетот порано денес.

Турскиот претседател додаде дека кога силата преовладува над законот, се јавуваат нестабилност, кризи и конфликти.

Ердоган го потврди своето пријателство со Мадуро.

„Се обидуваме да дејствуваме во најдобар интерес на Турција и пријателскиот венецуелски народ. Мадуро и венецуелскиот народ постојано го покажуваат своето пријателство кон нашата нација. Секогаш сме ѝ давале приоритет и сме ја вреднувале меѓусебната солидарност во тешки времиња. Денес дејствуваме во ист дух“, додаде Ердоган.

ИЗДВОЕНИ