Ердоган доаѓа во Киев – се спрема нова рунда руско-украински преговори?

13

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе го посети Киев во наредните денови, на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавува „Туркије Газетеси“, повикувајќи се на украинскиот амбасадор во Анкара, Нариман Ѓелџал.

Се очекува разговорите да ги вклучат напорите на Анкара за мирно решавање на војната во Украина. По три рунди разговори во Истанбул, Ердоган изрази оптимизам дека Украина и Русија наскоро ќе водат понатамошни преговори со цел завршување на војната. Тој постојано споменуваше дека Анкара е подготвена да организира состанок на повисоко ниво кога ќе бидат исполнети условите.

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски би била прва од 2019 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека и тој би присуствувал на таков состанок, доколку  се случи.

Путин неодамна ја потврди својата подготвеност да се сретне со својот украински колега, откако двете делегации ќе ги направат потребните подготовки.

ИЗДВОЕНИ