Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов вчера и денеска беше во работна посета на Хрватска. На средбата со Ивица Видовиќ, директор на Воздухопловно техничкиот центар на Хрватска, која се одржала вчера, меѓу другото била разгледана и можноста за сервис на „ер-тракторите“ на ДЗС во овој Центар.
Ангелов се сретнал и со Славко Туцаковиќ, главен заповедник на хрватските Противпожарни сили и Анте Санадер, претседател на хрватската Противпожарна заедница и пратеник во хрватското Собрание.
– На средбата, Ангелов беше запознаен со структурата и со начинот на функционирање на хрватската противпожарна служба по реформите направени пред неколку години – соопштија од ДЗС.
Оттаму информираа дека денеска Ангелов треба да ја посети Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска и да се сретне со директорот, Невен Карас, и со раководниот тим. Ангелов треба да има средба и со главниот командант на Јавната противпожарна станица на Загреб, Синиша Јембрих и со неговиот тим.