„Ер Арабија“ воведува плаќање со криптовалути

17

Нискобуџетната авиокомпанија од Блискиот Исток, „Ер Арабија“, објави партнерство со Mbank за прифаќање плаќање за патувања преку услугите на авиокомпанијата, користејќи ја криптовалутата AE Coin.

Авиокомпанијата вели дека партнерството претставува револуционерен скок во дигиталните плаќања, нудејќи беспрекорно и безбедно искуство со резервации преку AE Coin, објавува „Авиопрес“.

„Ер Арабија“, првиот и најголем нискобуџетен авиопревозник на Блискиот Исток и во Северна Африка, и Al Maryah Community Bank (Mbank), првата целосно интегрирана дигитална банка во Обединетите Арапски Емирати, се здружија за да овозможат користење на плаќање со AE Coin за резервации на летови преку апликацијата „AEC Wallet“.

ИЗДВОЕНИ