„Епл“ стана трета компанија во историјата што достигна 4 трилиони долари

47

Акциите на „Епл“ денес скокнаа, туркајќи ја пазарната капитализација на производителот на iPhone на неверојатни 4 трилиони долари за прв пат во историјата.

Технолошкиот гигант од Купертино стана третата јавна компанија во историјата што го надмина тој праг, придружувајќи им се на Nvidia и Microsoft, кои го постигнаа тоа претходно оваа година, објавува Euronews.

Новиот рекорд беше постигнат откако цената на акцијата надмина 269 долари, поттикната од побарувачката за најновиот модел iPhone 17 што ги надмина сите очекувања.

За разлика од конкурентите, чиј раст е поттикнат од огромни инвестиции во вештачка интелигенција, Apple во голема мера остана надвор од трката. Сегашниот ентузијазам на инвеститорите произлегува првенствено од успешното лансирање на нова серија паметни телефони, како и од знаците за ублажување на трговските тензии.

Според Counterpoint Research, продажбата на серијата iPhone 17 во првите десет дена ги надмина оние на претходната серија iPhone 16 за дури 14 проценти на клучните пазари на Кина и САД.

Apple е дел од таканаречената група Величествени седум, која ја сочинуваат седумте најголеми технолошки компании во светот. Сите тие имаа корист од бумот на вештачката интелигенција оваа година, што доведе до значителен раст на нивните акции. Од јануари, акциите на Apple пораснаа за повеќе од 18%, на „Енвидија“ (Nvidia) за речиси 40%, а на Microsoft за речиси 30%.

„Енвидија“ (eNvidia), гигант во производството на полупроводници, стана првата компанија во историјата што достигна вредност од 4 трилиони долари во јули, а денес се приближува до бројката од 4,7 трилиони долари.

Оваа недела, пет членови на Величествените седум – „Алфабет“, „Епл“, „Амазон“, „Епл“, „Амазон“, „Микрософт“ и „Мета“ (Alphabet, Apple, Amazon, Microsoft и Meta) – ги објавуваат своите деловни резултати. Се очекува тие да покажат силен раст и да оправдаат огромни инвестиции во вештачката интелигенција, во услови на растечка загриженост за создавање нов „дот-ком“ меур што би можел да пукне.

Кејт Лиман, главен аналитичар на пазарот во „Ава трејд“ (AvaTrade), верува дека лидерството на технолошките гиганти е клучно за апетитот на инвеститорите. „Пазарите се движат кон лидерство, а во моментов лидерството на „Мајкрософ“, „Мета“, „Алфабет“, „Амазон“, „Апл“ (Microsoft, Meta, Alphabet, Amazon и Apple) е неразделно од апетитот за ризик на инвеститорите ширум светот.“

Таа истакна дека повеќе од 40% од овогодишните добивки на индексот S&P 500 се постигнати токму благодарение на овие гиганти. „Но, со оваа концентрација доаѓа и кршливост“, додаде таа, заклучувајќи дека коментарите на раководителите на компаниите за објавувањето на деловните резултати „критички ќе одредат колку далеку и со колку доверба пазарот може да ја следи приказната за вештачката интелигенција во 2026 година.“

ИЗДВОЕНИ