недела, февруари 15, 2026
Дома СВЕТ Епидемија на мали сипаници во северен Лондон

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон

17

Епидемија на мали сипаници избувна во северен Лондон каде повеќе од 60 деца се заразени, објавија здравствените власти, повикувајќи за вакцинација на деца, јавија денеска британските медиуми.

Епидемијата на мали сипаници брзо се прошири во седум училишта и градинка во северен Лондон, при што на некои деца им е потребно болничко лекување – објави „Сандеј тајмс“.

Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) пријави 34 потврдени случаи на мали сипаници во Енфилд, Северен Лондон, помеѓу 1 јануари и 9 февруари.

UKHSA предупреди дека епидемијата би можела да се прошири на помеѓу 40.000 и 160.000 деца доколку не се спроведе итна вакцинација.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Велика Британија го изгубила статусот на земја каде што сипаниците беа елиминирани.

Здравствените власти нагласија дека Лондон има „една од најниските, ако не и најниска стапка на вакцинација“ во земјата, што го прави главниот град особено ранлив на епидемија.

ИЗДВОЕНИ