Кошаркарот на Далас, Ентони Дејвис, беше подложен на операција на очната мрежница. Како што беше најавено, ол-стар играчот мораше да оди на операција за одлепување на мрежницата.

Како што објави изворот на ЕСПН, Шамс Чаранија, Дејвис добил неколку удари во лицето минатата година, што оставило трага. Сепак, навивачите на Далас не треба да се грижат, бидејќи се очекува тој да биде здрав за следниот тренинг- камп.

Дејвис му беше продаден на Маверикс минатата сезона, во замена за Лука Дончиќ, но се повреди уште на првиот натпревар. Следуваше подолга пауза, по која играше малку, завршувајќи ја сезоната со просек од 24,7 поени, 11,6 скока и 3,5 асистенции на натпревар.

ИЗДВОЕНИ