
Иако се уште е менаџер на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, британските медиуми се убедени дека е прашање само на време кога Арне Слот ќе добие отказ. Холандскиот стручњак е дефиниран како главен виновник за очајните резултати во актуелната сезона, а истите медиуми откриваат дека во игра за негов наследник е и предводникот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Луис Енрике.











