Енергетска фасада за училиштето „Петар Здравковски-Пенко”

61

Oсновното училиште „Петар Здравковски-Пенко” во Скопје-Север ќе добие нова енергетска фасада. Од Општина Бутел информираат дека активностите се во тек и оти градоначалникот Дарко Костовски заедно со директорката Мевлиде Елези Круези вчера извршиле увид во градежните активности.

– Новата фасада на училиштето е барање кое се реализира во договор со родителите. Висококвалитетната фасада значително ќе придонесе за енергетска ефикасност на објектот и ќе ја намали потрошувачката на енергија. Локалната самоуправа преку континуирани инвестиции обезбедува најдобри услови за настава на учениците во сите основни училишта – соопштија од Општина Бутел.

Вредноста на овој проект е 11 милиони денари.

ИЗДВОЕНИ