Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, е на радарот на неколку фудбалски гиганти, меѓи кои и Реал Мадрид. Мадридски „Ас“ пишува дека челниците на Реал и на Челзи биле во интензивен контакт во последниве денови и дека аргентинскиот играч за врска бил на дневен ред, меѓу другите ставки. Случајно или не, информацијата се совпаѓа со веста на „Кадена Копе“ дека Реал Мадрид ќе се збогува со Лука Модриќ во наредните неколку дена.

Всушност, Алонсо веќе има составено список со желби. Хујсен, Александар-Арнолд и Карерас треба да го засилат Реал за Светското клупско првенство, а потоа ќе се бараат дополнителни засилувања, првенствено во средниот ред. Веќе е познато дека првенствено има интерес за Мартин Зубименди и за Флоријан Вирц, а сега „Ас“ пишува дека Реал ја разгледува и можноста за доведување на Фернандез.

ИЗДВОЕНИ