Српскиот државјанин Алон Охел конечно е повторно обединет со своето семејство по две години заложништво во рацете на Хамас.
Утрово, Хамас го ослободи Охел заедно со уште шест заложници како дел од мировниот договор со Израел. Црвениот крст потоа ги предаде на израелската армија (ИДФ), која ги однесе до базата Реим на границата со Газа. Таму, ослободените заложници беа подложени на медицински прегледи, а потоа повторно ги видоа своите најблиски за прв пат по две години.
Freed hostage Alon Ohel has been reunited with his family ❤️ pic.twitter.com/jOJVkhBPa8
— Israel War Room (@IsraelWarRoom) October 13, 2025
Првата објавена фотографија го прикажува насмеаниот Алон како седи со своите родители, брат и сестра. Оваа емотивна сцена брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Денес, Хамас ослободи 20 живи заложници кои беа држени во заложништво од 7 октомври 2023 година. Откако првите седум заложници беа ослободени утрово, преостанатите 13 живи заложници беа предадени на израелските сили од јужна Газа.
Телата на уште 28 заложници се уште се во рацете на Хамас, а се очекува некои од нив да бидат префрлени во Израел подоцна денес.