Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, ја освои првата „Златна топка“ во својата кариера, а Лионел Меси, осумкратниот добитник на наградата и поранешен соиграч од Барселона, му испрати честитка за освоеното индивидуално признание.
Лионел Меси (38), играчот на Интер Мајами и рекордер со осум „Златни топки“, испрати посебна порака до својот поранешен соиграч, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, во Париз.
- Браво, Ус! Честитки, многу сум среќен за тебе. Го заслужуваш тоа – напиша Меси во коментар на објавата на Дембеле на „Инстаграм“.
За Меси, кој обично е резервиран на социјалните мрежи, овој излив на емоции покажува колку го цени францускиот напаѓач, со кого играше во Барселона од 2017 до 2021 година.