петок, февруари 6, 2026
Дома КУЛТУРА „Емоција во боја“ во МКЦ; Изложба на Цветанка Јованова-Хермес

„Емоција во боја“ во МКЦ; Изложба на Цветанка Јованова-Хермес

17

Во Галерија МКЦ, на 10 февруари, во 19:30 часот, ќе се отвори самостојна изложба на уметницата Цветанка Јованова-Хермес.

Со изложбата насловена „Емоција во боја“, Јованова-Хермес ја одбележува својата 20. самостојна изложба, претставувајќи околу 30 дела во кои бојата е главниот носител на емоцијата, движењето и внатрешната состојба.

Делата се движат меѓу фигурацијата и апстракцијата, со силен експресивен потег и со интензивна колоритна палета. Женските ликови, симболичните форми и растителните мотиви не се класични портрети, туку визуелни состојби на духот, оставајќи простор за лично доживување и интерпретација.

Изложбата ќе може да се посети во наредните две недели.

ИЗДВОЕНИ