Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ, ја заврши соработката со Тофаш, информираа од клубот. Причината за таквата одлука беше резултатската криза на турскиот прволигаш, особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите.
Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026, но не успеа да ја заврши на своето ново работно место.
- Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се заблагодаруваме за неговиот придонес во нашиот клуб и во кошарката во Бурса. Му посакуваме многу среќа во следната фаза од неговата кариера, напишаа од Тофаш.











