Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè во животот – љубов, потпора, најдобар пријател и најголемата сила…“, емотивно напиша Елена Најдоски (екс Стефановска), која гламурозно славеше со сопругот во хотелот „Martinez“ на Азурниот брег

 Многу добро познатата македонска тв-водителка Елена, и воедно водителка и заштитно лице на една од најомилените македонски тв-емисии “Живот со стил“ пред неколку дена со својот сакан сопруг Бојан Најдоски прославија три среќни години од бракот. Впрочем и како самата свадба од пред три години и сега се беше со стил.      За мерак! По тоа е и позната Елена. На радоста со која и двајцата зрачеа не им се гледаше крајот.

 Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè во животот – љубов, потпора, најдобар пријател и најголемата сила…“, емотивно напиша Елена Најдоски (екс Стефановска), која гламурозно славеше во хотелот „Martinez“ во монденскиот град Кан, на Азурниот брег во јужна Франција.Со прекрасна музика која ја надополнуваше целата свечена атмосфера.Инаку, нејзиното прво тв-појавување беше пред некои осум години на  Македонската радио-телевизија во детската емисија „Канал-Де“. Подоцна ѝ се случи култната тв-емисија “Живот со стил“, за која многумина луѓе ќе речат дека ја гледале бидејќи барем преку малите екрани уживале во недостижниот гламур.                                      Меѓутоа, Елена и денес со причина после три години се уште ги враќа спомените на секој детал од свадбата со саканиот Бојан. Радосниот ден им се случи на 9 јули 2022 година во скопскиот гламур-хотел „DoubleTree by Hilton“ по речиси четиригодишната врска. Самото запросување беше за Нова година во снежно завеаната Москва.          Тогаш Елена се пофали дека од Бојан добила дијамантен прстен.

– Некој месец подоцна венчаницата ја купив во Солун, додека бидермаерот ми беше од моето омилено цвеќе. Нашиот прв танц го танцувавме на нотите од нежната песна „Love In Portofino“ испеана од грлото на Андреа Бочели, а со многу емоции нам ни ја пренесе до нашите срца, нашиот уметник Павле Камилоски. На свадбата имавме околу 190 гости. Еден од оние кои со својата весела песна ги забавуваше и гостите со нешто поинаков музички вкус беше и српската фолк-ѕвезда Никола Роквиќ.

Највпечатлив дел ми беше оној кога се случи црковната венчавка во Соборниот храм “Свети Климент Охридски“. Тој најсвет чин за мене и сопругот имаше значење исполнето со длабоки емоции, се присеќа Елена на тој настан а, кој се памти за цел живот.

И денес после три години од свадбата Елена и бизнисменот Бојан навистина знаат како е да се живее живот со стил. Уживаат во чести луксузни патувања, во луксузен мебел, во вкусно здравата храна и во музиката која ги опива како старо вино.

(Д.М.) фото:архива

ИЗДВОЕНИ