Една од победниците на Фестивалот “Валандово фолк-фест“, атрактивната пејачка Елена Андоновска по примерот на неколкумина свои вредни колеги, исто така до Новогодишните празници подготвува солистички концерт. Тоа ќе се случи на 15-ти декември 2025 со почеток од 20 часот, а местото на настанот е Македонската опера и балет. Пеењето на Елена е вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна, етно и модерната фолк музика.

Андоновска, која зад себе има пристојна музичка кариера и бројни песни, на сцената ќе ги испее своите најголеми хитови, но и ќе приреди низа музички изненадувања специјално подготвувани за публиката, а секако и за нас естрадните новинари.                                                          Со моќната интерпретација и препознатлив стил важи за една од најквалитетните соло изведувачки. Нејзините настапи секогаш се исполнети со силни емоции и долготрајни ракоплескања на публиката.

Овој концертот вклучува и бројни гости-пејачи, а кои ќе бидат, Елена не сака да ги открива. Со некои од нив уште е во преговори, но никој нема да се покае ако дојде во МОБ. Затоа, сите со брзи чекори кон МОБ на 15.12.   (Д.М.)  фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ