понеделник, февруари 16, 2026
Дома БАЛКАН „Ела е будна“, потврди директорот на болницата во Сараево

„Ела е будна“, потврди директорот на болницата во Сараево

301
video screenshot

Медицинскиот тим на Општата болница „Абдулах Накаш“ во Сараево постојано ја следи состојбата на малолетното девојче, Ела Јовановиќ (17), кое беше тешко повредено на трамвајска станица пред неколку дена.

Директорот на болницата, проф. д-р Исмет Гавранкапетановиќ, ги даде најновите информации за нејзиното закрепнување по будењето од индуцирана кома.

„Пациентката е будна, но сè уште е во сериозна општа состојба. Интензивниот третман за реанимација продолжува на Одделот за анестезија и реанимација, со мерки за рана рехабилитација започнати во согласност со моменталната состојба“, изјави Гавранкапетановиќ за „Аваз“.

На 12 февруари, стар трамвај излета од шините во Сараево, при што загина младиот студент на Академијата за ликовни уметности, Ердоан Моранкиќ, додека средношколката Ела Јовановиќ сè уште се бори да се опорави.

Поради оваа трагична несреќа, и денеска се одржаа протести во Сараево, а граѓаните излегуваат на улиците и во последните денови.

Голем протест во Сараево: „Младоста остана на шините“/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ