среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Екстремно студен бран ќе ја погоди Австрија со длабоки минусни температури

Екстремно студен бран ќе ја погоди Австрија со длабоки минусни температури

181

Австрија се соочува со леден бран. Се очекува температурите да паднат далеку под нулата, а се предвидуваат и нови снежни врнежи. Австриските медиуми известуваат дека Варт во регионот Брегенцервалд веќе има до 60 сантиметри снег, а се предвидува уште повеќе во Алпите.

„По снегот, сега се соочуваме со многу мразовити ноќи. Во петок навечер, температурите ќе паднат помеѓу -1 и -12 степени. Се очекуваат околу -15 степени во алпските долини покриени со снег,“ напиша метеорологот Клеменс Грос од „Кахелманветер“, на социјалната мрежа Икс.

Според медиумите, слични прогнози имаат и други метеоролошки служби. Според нивните предвидувања, студот особено силно ќе ги погоди западните Северни Алпи. До викендот треба да преовладува систем со висок притисок, а времето ќе се смири.

ИЗДВОЕНИ