Екстремно ниски температури, кои паднаа под минус 50 степени Целзиусови во најстудените делови на Русија, ја погодија Јакутија порано отколку што очекуваа експертите.
Најниските мерења се забележани во селото Делјанкир, каде што живата падна на -50,7°C, додека во познатиот Ојмјакон беше измерена температура од минус 49,5°C. Метеоролозите од Центарот Фобос велат дека силните мразови пристигнале пред вообичаениот рок до крајот на ноември, со температури далеку под повеќегодишниот просек.
Во Јакутск, најстудениот голем град во светот, температурите паднале на -37,5°C, што е повеќе како декемвриските услови.
За разлика од Сибир, Москва студот се заострува, но снег не се очекува до крајот на ноември.












