Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание пак, на стабилна воздушна маса УХМР најавува дека од утре следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Што се однесува до температурите, вистински временски ролеркостер нè очекува оваа недела. Така утринските температури на места ќе се спуштаат под нулата, а во текот на денот ќе се искачуваат до максимални 22 степени Целзиусови.













