Екстремен студ: Погледнете како е во најстуденото населено место на Земјата/ВИДЕО

112

Руската република Јакутија забележа температура од -56 степени Целзиусови, што моментално е најниската температура некогаш забележана во светот. Екстремните временски услови особено го погодуваат селото Тикси, каде што веќе трет ден по ред беснее силна снежна бура.

Поради обилни снежни врнежи и силни ветрови, училиштата ја прекинаа наставата, додека градинките се затворени.

Снегот се натрупа пред влезните врати на куќите, што им оневозможува на многу жители да ги напуштат своите домови.

Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студен бран би можел дополнително да се интензивира и дека температурите би можеле да паднат до -60 степени Целзиусови во наредните денови, објавува „Кликс“.

ИЗДВОЕНИ