Eкспремиерот Џастин Трудо снимен на концерт на Кети Пери, a пред тоа и на заедничка вечера – само ријателство или нова романса?

47

Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо беше фатен на концерт на американската пејачка Кети Пери само неколку дена откако беа фотографирани како вечераат заедно.

Различни објави што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Џастин Трудо како го гледа концертот на Кети Пери на 30 јули во Монтреал, а покрај него е неговата 16-годишна ќерка Ела Грејс.

Поранешниот канадски премиер изгледаше апсолутно хипнотизиран во неколку наврати додека ја гледаше Кети како ги пее нејзините хитови на сцената, пишува Klix.ba.

Едно од видеата споделени на Твитер, исто така, го покажува Трудо насмеан додека Кети настапува, па дури и како си пее неколку зборови од нејзината песна „Dark Horse“.

Ова доаѓа само неколку дена откако пејачката, која неодамна раскина со Орландо Блум, и Џастин беа фотографирани како вечераат заедно во Монтреал во градскиот ресторан Le Violon, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Според странските медиуми, Кети и Трудо седеа еден спроти друг на маса покрај прозорецот, каде што уживаа во коктели и разновидни јадења во опуштена атмосфера.

За време на вечерата, готвачот на ресторанот наводно им се приближил за да ги поздрави, а подоцна тие лично им се заблагодариле на кујнскиот персонал за одличната храна и услуга.

Иако сè уште не е познато дали средбата била чисто пријателска или нешто повеќе, фактот дека се случила кратко по раскинувањето на Кејти и Блум дополнително ги поттикна шпекулациите за можна романтична врска.

 

Видеото погледнете го на следниот линк

ИЗДВОЕНИ