сабота, февруари 14, 2026
Дома БАЛКАН Експлозија во Аспровалта, Грција: Повредени пет српски туристи/ФОТО

Експлозија во Аспровалта, Грција: Повредени пет српски туристи/ФОТО

393
screenshot Фото: Facebook Εθελοντές Διασώστες Βόλβης's post

Денеска околу 15:00 часот, се случила експлозија во куќа каде што престојувале туристи од Србија во Аспровалта, Грција, соопштија волонтерите спасувачи од Волви.

Во експлозијата, четири лица се повредени од фрагменти од стакло, додека еден млад човек добил тешки изгореници на неколку делови од телото, соопштија волонтерите спасувачи од Волви.

Повредените се пренесени во болница.

Како што објавија некои српски медиуми, наводно експлодирала плинска боца, а полицијата ja привела сопственичката на сместувачкиот капацитет (86).

ИЗДВОЕНИ