Експлозија во станбена зграда во Русија, дете меѓу жртвите, луѓе заробени под урнатините/ВИДЕО

142

Силна експлозија се случи во влезот на десеткатна станбена зграда во рускиот град Саратов, при што загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни ситуации.

Експлозијата се случила на улица Блинова, а дежурниот службеник ја примил пријавата во 12:12 часот по локално време. Сведоците пријавиле силен тресок, по што следел уривање на дел од зградата.

Итните служби веднаш реагирале на местото на настанот, а противпожарните и спасувачките единици ги пребаруваат урнатините за евентуални преживеани. Се стравува дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени под урнатиот дел од влезот.

Во соопштението се вели дека, и покрај уривањето, не избувнал пожар. Причината за експлозијата е сè уште непозната.

Шефот на одделот за безбедност на регионалната влада, Јури Јурин, потврди дека меѓу загинатите има и дете, јави ТАСС.

ИЗДВОЕНИ