Експлозија во позната продавница за играчки во Москва, најмалку едно лице загина/ВИДЕО

44

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, објавија руските државни новински агенции.

Експлозијата се случила во Централната детска продавница, која Русите со генерации ја знаат како Детски свет. Продавницата се наоѓа на познатиот плоштад Лубјанка, во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ), агенцијата што го наследи КГБ од советската ера.

Итна евакуација
Целата зграда, во која, покрај продавницата за играчки, се наоѓаат и бројни ресторани, продавници и кино, веднаш била евакуирана, потврдија медиумите. Според првите неофицијални информации објавени од каналот на Телеграм Маш, експлодирало шише со хелиум.

ИЗДВОЕНИ