Експлозија во хемиска фабрика во Кина – петмина загинати, 19 повредени

24
Пет лица загинаа, а 19 се повредени, додека шестмина се водат како исчезнати по експлозијата која попладнево се случи во хемиска фабрика во округот Гаоми, во источната кинеска провинција Шандонг, јавуваат кинеските медиуми „Синхуа“ и „ЧТВ“.
По избивањето на експлозијата, Министерството за вонредни ситуации веднаш на местот на хаваријата упати специјален персонал, вклучувајќи и пожарникари, медицински експерти и ескперти за безбедност при работа, со цел да помогнат во спасувачите напори на локалните служби, пренесува „Синхуа“. Вкучно 232 пожарникари се испратени на местото на експлозијата, а податоците за повредени и настрадани беа објавени по неколку часа.
Густ час се надвива над фабриката, која произведува пестициди и хемикалии за медицинска употреба, а вработува повеќе од 500 луѓе, пренесува „АП“. Детали за причината на експлозијата засега не се познати, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ