недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Експлозија на гас во Московската област – евакуирани се 15 лица, меѓу...

Експлозија на гас во Московската област – евакуирани се 15 лица, меѓу кои и три деца, а има и жртви

34

Две лица загинаа во експлозија на гас и пожар во станбена зграда во градот Лобња во Московската област, а тројца други се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Според руските власти, експлозија на гас се случила утрово во стан на 3-ти кат од повеќекатна зграда, по што избувнал пожар кој бил изгаснат, пренесува ТАСС.

Евакуирани се 15 лица, меѓу кои и три деца.

Според регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации, две лица загинаа, 32-годишна жена и 35-годишен маж, а тројца се повредени во експлозијата.

Меѓу повредените кои се пренесени во болница се две деца.

Истрагата за причината за експлозијата е во тек, пренесува ТАСС.

ИЗДВОЕНИ