Експлозии во Ростовскиот регион, руска рафинерија за преработка на нафта е во пламен (видео)

112
Фото:принтскрин, видео, Евромајдан прес

Во градот Новошахтинск, во рускиот Ростовски регион, жителите пријавија серија експлозии и голем пожар во локална рафинерија за нафта. Гувернерот на регионот потврди дека експлозиите се предизвикани од воздушен напад, пренесува „Украинска правда“, објави „Политика“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа густ столб од чад над областа каде што се наоѓа индустрискиот објект.

– Како резултат на воздушниот напад, експлозии се случија на територијата на градот Новошахтинск. Според првичните информации, немало смртни случаи или повредени. Податоците сè уште се проверуваат. Службите за итни случаи се на местото на настанот и организирано е гаснење на пожарот – изјави гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар.

Рафинеријата за нафтени производи Новошахтинск (АД НЗНП) е еден од најголемите капацитети за рафинирање на нафта во Ростовскиот регион. Специјализирана е за преработка на сурова нафта и производство на нафтени производи, вклучувајќи масло за греење, морски и дизел гориво, како и бензин, и е еден од најголемите добавувачи на јужна Русија.

Генералштабот на вооружените сили на Украина претходно објави дека украинските сили веќе ја нападнале рафинеријата Новошахтинск во ноќта помеѓу 20 и 21 август.

 

 

ИЗДВОЕНИ