Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети. Во главниот град и во голем број други региони е прогласена воздушна тревога, пишува „Украинска правда“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди нападот.
„Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Силите за воздушна одбрана дејствуваат. Останете во засолништа!“, рече Кличко.
Тимур Ткаченко, началник на градската воена администрација на Киев, исто така, објави дека „е во тек непријателски напад со балистички ракети“. Украинските воздухопловни сили објавија „брзо движечки воздушни цели над регионот Чернигов кои се движеа кон регионот Киев, а потоа и кон самиот главен град“.
Во најмалку еден округ на Киев, електричната енергија снема веднаш по нападот.
Државниот оператор „Укренерго“ претходно денес објави дека енергетскиот систем на Украина останува под голем притисок, при што нуклеарните централи делумно се исклучени од мрежата по масовниот руски напад врз клучната инфраструктура во ноќта меѓу 7 и 8 февруари.
Ситуацијата е особено тешка во Киев, каде што жителите со денови имаат електрична енергија само еден и пол до два часа на ден. Во наредните денови се очекува температурата да падне на -19 степени Целзиусови, што ќе создаде дополнителен притисок врз енергетскиот систем.












