недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Експлозии одекнуваат низ земјите од Персискиот Залив: Нов бран гласни удари во...

Експлозии одекнуваат низ земјите од Персискиот Залив: Нов бран гласни удари во Дубаи

848
Фото:принтскрин

|Експлозии повторно се слушнаа утрово во земјите од Персискиот Залив откако претходниот ден во нападите на САД и Израел врз Иран беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) објави во неделата дека десетици напади насочени кон американските и израелските позиции биле извршени како одговор на атентатот врз иранскиот врховен лидер.

Нови експлозии во Доха и Манама

Очевидци во главниот град на Катар, Доха, пријавија дека слушнале неколку силни пукотници во недела наутро. Катарскиот новински канал Ал-Џазира пријави најмалку 11 експлозии во Доха.

Според министерот за внатрешни работи на Катар, службите за итни случаи реагираат на мал пожар во индустриска зона во Доха, кој избувна откако фрагменти од пресретната ракета паднаа во областа.

Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Сведоци пријавија дека слушнале најмалку четири силни пукотници. Слики од погодениот и оштетен хотел во Манама почнаа да циркулираат на социјалните мрежи.

Дубаи беше погоден од нови експлозии двапати утрово. Дописниците на АФП во Дубаи, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. пред кратко време слушнале уште една серија експлозии, пренесе „Хина“.

Чад се издигаше од пристаништето Џебел Али во Дубаи утрово по иранскиот напад.

Американските поморски сили се собираат таму во последните недели.

Двајца повредени

Исто така, имаше информации дека две лица се повредени во Дубаи откако фрагменти од пресретнати беспилотни летала паднале во дворовите на две куќи.

Властите соопштија дека звуците што се слушаат низ емиратот се резултат на успешни операции за пресретнување спроведени од воздушната одбрана на земјата, пренесе „Индекс“.

ИЗДВОЕНИ